Како се слабее со чаша вода (пред јадење)

Идејата е следна: пиеш чаша вода пред да вечераш, водата зафаќа волумен во желудникот и јадеш, односно внесуваш помалку калории. Еве ги резултатите.

Неколку студии досега се имаат адресирано на тематиката, како чаша вода пред јадење влијае на регулирањето на тежината, а Др. Бренда Дејви, професор по нутриција е една од ретките кои нив ги спроведува и истражува.

Во нејзината студија, средовечни и постари лица беа ставени на истражување за тоа како две чашки вода пред еден од трите големи оброци влијае врз слабеењето, ако додатно луѓето се на некаква диета (внимавање на калорискиот внес во тој оброк и намалување на истиот).

Резултатите покажале дека тримесечна рутина на пиење вода пред јадење, заедно со намалување на калорискиот внес од самите оброци доведувало до слабеење. Контролната група, која не пиела вода скратила 5 килограми, а онаа која пиела вода намалила 7,2 кг. за тромесечната рутина.

Она што не е јасно е дали „аперизерот“ со вода може да делува кај помлади индивидуи кои имаат тенденција да пијат повеќе калорични и зашеќерени пијалоци.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија