Не треба многу напор за губење на тежина

За топење доволни само 30 минути

Најновата студија на група дански научници од Универзитетот во Копенхаген открива дека мажите кои вежбаат 30 минути на ден губат многу повеќе калории отколку оние кои енергично вежбаат и до еден час на ден.

Иако е познато дека вежбањето само по себе не придонесува за значително губење на тежина доколку не се применува соодветна дита и правилна исхрана, сепак група научници од Унверзитетот  во Копенхаген во Данска дојдоа до откритите кое веројатно ќе им се допадне на сите оние кои имаат цел, со малку напор да изгубат многу калории. За да дојдат до ова откритие, научниците ги поделиле испитаниците во две групи, при што за сите заедничко е тоа што се на возраст од 20 и 30 години, а се со средна дебелина и низок раст. 

Испитаниците од првата група започнале процес на 13 неделно вежбање кое се состоело од џогирање, велосипедизам или едноставно потење од половина час на ден, додека втората група започнала интензивна рутина на едночасовно вежбање, секој ден, при што секое момче губело по 600 калории. При тоа, испитаниците од двете групи требало да се придржуваат кон онаа исхрана која ја практикувале и пред да бидат дел од студијата на научниците.

На крај студијата покажала дека испитаниците од групата која вежбала енергично по еден час на ден успеале да изгуби во просек по 2,2 килограми секој,  што е незначително, земајќи ги предвид калориите што во истовреме ги внесувале.

Во меѓувреме, испитаниците кои вежбале само по половина час на ден, се покажало дека изгубиле во просек по 3 килограми секој.

Научниците тврдат дека разликата се должи во тоа што момчињата кои вежбале напорно и долго внесувале и многу повеќе калории, со тоа што значително им се зголемиле оброците. Значаен детаљ е и тоа што времето по вежбањето, момчињата го поминувале во седечка позиција, веројатно поради премореност од напорното вежбање, што пак не било случај со испитаниците од првата група, во која момчињата покажувале енргичност и пред вежбањето од половина час, но и после тоа.