Во Њујорк сите тркала се среќни

Кога во 2007, во Њујорк дел од автомобилските ленти беа преуредени во безбедни велосипедски патеки, сите очекуваа дека со лента помалку, сообраќајот ќе се претвори во вистински хаос…

Од 2007 година па наваму, на њујоршките улици се додадени околу 50 километри велосипедски патеки, одделени од автомобилските ленти со физички бариери преку паркинг места или бетонски столбови.

Главната цел на градот беше поголема безбедност за велосипедистите. Меѓутоа, по неколку години искуство, студии и следење на сообраќајот, излегува дека велосипедските патеки имаат и секундарен бенефит. На неколку критични авении во Менхетен, според официјалниот извештај, наместо очекуваниот хаос, сообраќајот е всушност… забрзан.

Како? Работата е што всушност не е скратена автомобилска лента, туку постоечките се стеснети за по некој сантиметар, а плус дизајнот на улиците е таков што дозволува посебен „џеб“ за вртење во лево, без да биде успорен останатиот сообраќај.

Во однос на безбедноста, подобрени се условите и намалени ризиците за точакољупците во Њујорк, иако сега ги има во далеку поголем број. Во однос на мобилноста на некои авении од испитуваните има подобрување, на некои не, но важно е дека сообраќајот никаде не е влошен.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија