Трајче Михов со нов рекорд на 24-часовен ултрамаратон

Македонскиот ултрамаратонец Трајче Михов овој викенд на светскиот шампионат во 24-часовно трчање во Торино го постави новиот национален рекорд со истрчани 225,980 километри. 

Велешкиот ултрамаратонец Трајче Михов е веќе добро познат со неговите настапи во оваа дисциплина во повеќе наврати. Минатиот месец тој го подобри неговото време на 12 часовната трка на ултрамаратонот во Белград со истрчани 133 километри, два повеќе од неговиот минат рекорд, а овој викенд тој истрча 113 круга на светскиот шампионат во 24-часовно трчање и го постави новиот македонски рекорд и во оваа дисциплина.

Со 225-те истрчани километри Трајче Михов го освои 44-тото место во машка конкуренција на светско ниво и одлично ја претстави нашата држава иако на самиот настан тој беше во придружба единствено со ултрамаратонецот Виктор Толевски.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија