Традицијата продолжува – „Западна Трансверзала 2016”

И оваа година во организација на планинарското друштво „Трансверзалец” од Скопје успешно беше изведена најдолгата планинарска трасверзала во Македонија – Западната Трансверзала од Љуботен до Охрид. 

Западната трансверзала е повеќедневен планинарски поход кој тргнува од планинарскиот дом Љуботен, минува низ целото било на Шар Планина, Маврово, Бистра, Стогово, Караорман за да заврши во селото Црвена Вода на 30тина километри од Охрид. По своите карактеристики таа претставува најтешката планинска трансверзала во Македонија, а истата се одржува од 1974 година со извесен прекин во периодот од крајот на 90тите до 2013 година. 

Во годините од 2014 па наваму, друштвото Трансверзалец работи на обновување на оваа трансверзала и враќање на нејзиниот некогашен сјај кога била една од најпознатите во Југославија. Затоа, во период на почеток на јули секоја година тие организираат групно минување на оваа патека во просечно траење од 8 до 10 дена. 

Оваа година група од 10 члена: Мијалчо Божиновски – Водич, Калина Велевска, Бобан Стефановски, Зоран Тодоровски, Бобан Китановски, Александар Стерјовски, Игор Јанковски, Дениз Мехмед, Бојан Стојчевски, Благоја Пецевски ја започна трансверзалата на 02.07.2016, а во селото Црвена Вода екипата со исклучок на еден планинар кој се откажал во Маврово пристигна на 11.07.2016. 

Голем поздрав за целата екипа која успеа да го мине еден од најголемите предизвици во нашата држава. 

Погледнете го малото филмче „Љубох” на нашата екипа за минувањето на трнсверзалата во 2014 година ТУКА 

Фотографиите се на Игор Јанковски

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија