Екологика

Титаниум оксид, најголемиот непријател на смогот

Многу градови низ светот мака мачат како да се справат со смогот кој се креира од согорувањето на разни горива и што уште не со секојдневната оперативност на градот. Но, тогаш се појавува сознанието дека титаниум оксид е соединение кое го јаде смогот.

Компанијата Italcementi, за потребите на архитектот Рикард Мајер кој побарал многу бел цемент за изградба на црква во Рим, направила цемент наречен ТХ Актив кој го имал магичниот додаток внатре, титаниум оксид.

Проектот поминал одлично, црквата ја имала белата боја по замислата на архитектот која останува бела без повремено чистење со годините.

Но потоа, компанијата го искористила истиот цемент за локален пат во градот Бергамо и по одреден период граѓаните реагирале дека воздухот е некако – „почист за дишење“.

По детално проучување и тестирање, откриле дека кога е изложен на светилна, титаниум оксидот неутрализира некои загадувачи, воглавно нитроген оксид и сулфур оксид (дел од состојките кои го создаваат смогот). Со титаниум оксидот всушност овие гасови оксидираат и се претвораат во нештетни нитрати и сулфати кои потоа со дождовите едноставно истекуваат надвор од градот.

Во исто време, самата бетонска градба останува чисто бела без потреба од чистење со текот на годините со што и самиот град останува бело чист наместо мрачно сив.

 

Следни во истражувањето доаѓаат холандските научници од Технолошкиот Универзитет во Ајндховен кои го употребиле цементот за бекатон плочки поставени на локален пат во градот Хенгело, Холандија.

По извршените мерења ги објавиле резултатите кои покажале дека со овие бекатон плочки се намалува загадувањето до 45% во идеални временски услови, со просечно дневно намалување од 19%.

По одреден период се јавува нов откачен производ во вид на спреј од американска компанијата PURETi кој го содржи истото соединение, спреј кој е наменет за чистење на бетон, асфалт и останати градежни материјали, а во исто време служи и за прочистување на воздухот.

Кoга се изложени на светлина, површините кои се третирани со PURETi активно и константно ги разложуваат индиректните стакленечки гасови (NOx и SOx) и честички (PM 2.5 и PM10) кои го создаваат смогот. Резултатите од користењето звучат одлично, 6000m2 поминати со спрејот разложуваат 1 тон NOx годишно.

Можно решение за нашите градови?