Сите на смартфон, Гармин на саат

Додека се чини дека целиот наш живот оди на смартфон, а фитнес апликациите се во драстичен подем, Гармин го апдејтува веќе постоечкиот часовник со фитнес монитор на вашето вежбање, ставајќи значение повторно на хардверот во сè повеќе софтверскиот свет.

Garmin Forerunner 620 и 220 се продолжение на веќе постоечките фитнес монитори сместени во часовник FR610 и FR210 и е специјализиран за трчање. 

И да, часовниците ќе го прават истот она што може да го направи вашиот телефон, ама е уредно и минималистички сместен на вашиот зглоб наместо да мафта насекаде. 

Од тоа што веќе е познато, FR620 ќе биде одлична алтернатива за разните апликации. 

Екранот кој ќе работи на допир сега е во колор издание, а часовникот (кој има вграден акцелератор, идеја превземена од самите смартфони) покрај срцевата работа ќе може да ја мери и чекорите во минута односно темпото со кое се движите и ќе може да ве „посоветува“ да се држите до точката на потење, од 150 до 200 чекори во минута. 

Друга алатка е тоа што може да ви ги „лови“ вертикалните осцилации, кои при трчање баш и не се најпожелни. Доколку се движите нагоре-надолу како пинг-понг топче, часовникот ќе ве поправи да се здобиете со чекор нанапред и поефикасно да ја искористите енергијата. 

Времето на контактот со подлогата е исто така одлична работа која што FR620 ќе може да ја мери. Најчесто овој параметар се движи од 160 до 300 милисекунди, а кај професионалците е помал од 200. 

FR620 е поскапата варијанта и е наменет за професионални атлети бидејќ покрај ова горе има уште куп други спецификации меѓу кои и алгоритам за пресметување на VO2 max (максималната консумација на кислород што е огледало на аеробниот капацитет.)

FR220 ќе биде наменет за просечниот човек кој сака да трча и да ги следи неговите резултати.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија