Рajнолд Меснер: „Што научив“

„Одговорноста се учи во планините, а не овде во општеството. Тука најголем дел од одговорностите ги префрламе на други. Имам осигурување.. Во планините, нашето однeсување е непосредно поврзано со одговорноста.“

Рajнолд Меснер претставува легендарна фигура во светското високогорство и алпинизам кој своевремено има направено бројни искачувања на највисоките и најтешките планински врвови и масиви.

Во овој фантастичен текст, тој ги искажува неговите ставови, мислења и мудрости во врска со разните детали од алпинизмот, авантуризмот и природата со кои се стекнал низ неговиот живот посветен на планината.

Сè уште сум традиционален качувач. Меѓутоа, за мене качувањето мора да содржи три елементи: тежина, опасност, и најважно, експонираност. Експонираноста значи да нема можности за надворешна помош. Се зголемува со тоа колку си повисоко, колку твојата локација е пооддалечена, и колку поголеми се тежините со кои се соочуваш. Искачувањето на Стив Хаус и Винс Андерсон на Нанга Парбат е толку важно бидејќи тие беа сами под апсолутна експонираност. Ако направеа барем една грешка, ќе немаа шанси да се спасат. Мислам дека малку качувачи разбираат на кој како и зошто експонираоста е најважната состојка.

Качувањето еволуира како што секоја генерација сака да го измени она што се смета за невозможно, и да го направи возможно. Но ако ја користите целата достапна технологија, можете да качите билошто, без и воопшто да сте качувач на карпи. Невозможното не е таму. Треба да сфатиме дека некои нешта треба да останат невозможни, дури и по милион години од сега.

Би сакал да ги тргнам сите натпревари од сите планински спортови. Натпреварот не е нешто важно. Важно е да научиме како да се однесуваме во дива природа.

Најубавата планина на светот не е највисоката, не е најтешката. Тоа си е лична работа. Секогаш е онаа за која моментално сонувам. Во мигов, тоа е една планина во Непал. Но нема да ви го кажам името.

 

Мојот татко беше учител и качувач по карпи во периодот меѓу двете Светски Војни. Тој ме научи како да се однесувам во планините. Едноставни, но важни лекции за почит и преживување. Бевме големо семејство со девет деца. Израснавме во планините, и беше логично да сакаме да ги качуваме.

Без грешките немаше да бидам тука. Најголемиот дел од тоа што го знам го научив низ грешките. Можеби мојот партнер грешел, или опремата не била соодветна, или претходната подготовка, особено менталната, која е најважна. Кога успеваш, не знаеш точно зошто си успеал, но кога ќе згрешиш, јасно е што тргнало наопаку. Тогаш правиш промени и учиш.

Не станав успешен во моето поле зашто сум поголем или поинтелигентен од другите. Не, станав успешен поради мојата силна војла која по секоја грешка ме тераше се обидам повторно, и повторно и повторно.

Секоја генерација ја има можноста да ги дефинира своите најголеми цели, и качувачите кои ги достигнуваат се водечките качувачи. Историјата на алпинизмот не е ништо повеќе од именување на клучното искачување во одреден период. Мон Блан во 1786 година. Матерхорн во 1865 година. Северната Стена на Ајгер во 1938 година. Директната насока по Рупалската Стена на Нанга Парбат во 2005 година. Но, невозможно е да се споредуваат искачувања од 1930-тите до 1970-тите до денес. Секој качувач е клучна фигура за своето време, а не надвор од своето време. Нема такво нешто како „едно единствено најголемо качувачко достигнување” или „најголемиот качувач” на сите времиња. Тоа е срање.

Денес тешко е да се каже кои се водечки качувачи зашто има многу различни дисциплини. Во спортското качување може да е Крис Шарма, но исто така може да биде и Адам Ондра. Во класичниот алпинизам беше Александар Хубер. Водечкиот, најкреативен лик во екстремниот алпинизам (на големи надморски восчини) во последните години без сомнение е Стив Хаус.

Кога луѓето ќе ми речат дека ме сметаат за „најголемиот“, тоа значи дека немаат никаква претстава за историјата. Имаше временски период, меѓу 1975 и 1980 година кога јас предводев, и придонесов во качувањето заедно со Петер Хабелер. Исковавме нов приод кон алпинизмот, и за неколку години бевме единствените кои се однесуваа на тој начин зашто никој немаше искуство да ги качува планините „на фер начин”. Но, Полјаците а особено Словенците ги надминаа нашите достигнувања доста брзо.

Многу се восхитував на Томаж Хумар. Сигурно беше водечкиот високогорски алпинист во 1990-тите години. Беше доста ризичен. Сè уште не можам да сфатам што му се случи на Лангтанг Лирунг. Подоцна дознав дека се интересирал да стане политичар. Мислам дека не бил фокусиран на планината (на која загина).

Се знам со Давид Лама доста добро, и нема да кажам ништо лошо за него.

Политиката е спротивна од алпинизамот, планинарството и качувањето. На планина си сам, во свет каде владее анархија, имаш можност да искусиш како било пред стотици илјади години кога луѓето биле диви животни и не зависеле од општеството. Најсилниот лик во качувачката група одлучува што ќе се прави, како ќе се напредува. Како качувачи, ние сме пронаоѓачи на нашите лични цели и мораме самите да одлучиме како ќе ги достигнеме. Нема никој друг таму. Никого нема за да управуваш. Правиме екстремни, опасни нешта, и никој не може да каже што е точно или погрешно. Нема морално ужаснување. Ги имаме само инстинктите и човечкото однесување, и ние сме самите свои судии.

Уметноста на политиката е да се прават компромиси, а ако во планина секоја минута правите компромиси, нема да стигнете далеку.

Одговорноста се учи во планините, а не овде во општеството. Тука најголем дел од одговорностите ги префрламе на други. Имам осигурување. Во планините, нашето однсување е непосредно поврзано со одговорноста.

Успехот се заснова на наоѓањето на вистинските партнери. Партнерот мора да сака да го направи искачувањето. Не е неопходно да ви биде пријател, иако тоа е препорачливо. Не ви треба ни парнтер кој е на исто ниво во качувачките способности. Најважна е заедничката идентификација на целта. Ако земете некој кој не сака да оди, кој можеби е скептичен, ризикот е многу голем зашто вашата одговорност е многу голема. Одговорноста е изфрлена од рамнотежа. Одговорноста мора да биде поделена помеѓу вас и вашиот партнер.

Можеби имав среќа, но имав многу добри партнери. Како и да е, се поптирав врз моите инстинкти, кога ги избирав. Морав да најдам различни партнери за различни цели: од искачувања на сува карпа преку искачувања на високи планини па сè до преминување на пустини.

Животот после смртта е нешто за што немаме инструменти. Не можеме да го разбереме со нашата интелигенија, ниту да го видиме со нашите очи, ниту да го почувствуваме со нашиот нос. Нашите инструменти се конструирани за да го сфатат овој свет. Тоа што над тоа си е над тоа. Не мислете на тоа.

Умирањето е нешто најлесно. Сум бил близу до смртта, многу блиска смрт, и во тие моменти никогаш го немав чувството дека животот после смртта е важен. Ќе правиш сè што можеш да преживееш, но ако си навистина на крајот, тогаш „ОК. Среќен сум што заврши.”

Најумната статија која била напишана од качувач е „Техничко качување на алпски насоки” од Пол Пројс (смел австриски алпинист, 1886-1913). Пројс бил еден од првите качувачи кои го усвоиле и практитувале овој став за качувањето. Меѓу другото тој напишал и дека не треба да заковате клин, никогаш.

Кога го напишав „Убиството на невозможното”, во 1971 добив писмо од 96-годишна дама, која рече дека некогаш му била девојка на Пројс. Таа ми го испрати неговиот чекан за ковање клинови. Да, Пројс имал и носел чекан за ковање клинови, за во итни случаи. Таа рече дека еден ден тој чекан да биде предаден на качувач кој размислува како Пројс и како мене. Тој чекан го чувам на мојот таван сиве овие години, секогаш знаејќи дека треба да сторам нешто со него.

Тој чекан беше главен поттик за да го направам Меснеровиот Планински Музеј, збирка од пет различни згради, сите посветени на различни аспекти од планините, качувањето и културата. Сметам дека со основањето на овој музеј го започнав мојот „шести живот” и го завршив ова лето, па ќе бидам повторно слободен, и ќе започнам нов живот. Би сакал да најдам начин да раскажувам планински приказни на филм на големото платно.

Дали сте го гледале филмот „Вертикална Граница”? Јас сметам дека е ужасен.

Нашите инстинкти како луѓе полека бледнеат со тоа колку помалку време поминуваме во дивата природа: дожд, студ, магла, ронлива карпа, авантура. Качувањето е важно и е света можност за нас да постоиме во такви ситуации каде сме се соочувале пред стоици илјади години. Животинската страна на човекот започнува. Нашите инстинкти се важен елемент од нашата интелигенција.

Кога имав 20 години, не верував дека животот кој го живеев е возможен. Сметав дека не е можно да станам професионален качувач. Станав професионален качувач. Станав качувач на големи надморски височини, авантурист. Да станам политичар беше најлесно, и тоа бев само 5 години; потоа ми стана здодевно.

Она што им го кажувам на младите луѓе е да ги идентификуваат своите цели, и да имате волја да ги надминете тешкотиите, секогаш ќе има тешкотии, и да ги најдете вистинските луѓе за да ви покогнат, и ќе бидете успешни.

ИЗВОР

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија