Планински Beach Run 2016 во Маврово за потврда на најдобрите

На четвртата трка од летната лига во трчање на плажа Beach Run 2016 во Маврово, на победничкиот подиум се качија Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Милена Чкрипеска во женска конкуренција, и Дарио Ивановски, Атанас Анчевски и Игор Јакимовски во машка конкуренција.

На една трка пред крајот на летната серија трки на 5 километри, на табелата во вкупен пласман, кај девојките на врвот се наоѓаат Марија Стојановска со 95, Весна Кираџиева со 82 и Милена Чкрипеска со 54 поени, а кај машките Дарио Ивановски со 75, Игор Јакимовски со 74 и Атанас Анчевски со 65 поени.

На финалето во Охрид Марија Стојановска треба да истрча за да го потврди шампионскиот статус, додека кај мажите за првото место ќе трчаат Дарио Ивановски и Игор Јакимовски.

Последната трка од серијата ќе се одржи во Охрид, во недела на 31 јули.

Beach Run 2016 е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје во соработка со локалните самоуправи и со поддршка од Најки, Форд, Горска, Пакомак, Swiss Contact и Антена5 Радио.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија