Параглајдеристот Јованоски освои сребро на Светскиот куп во Бугарија

Пред околу два месеци параглајдеристите на Параглајдинг клубот ,,ДЕЛТА” од Прилеп беа на подиум на Светскиот куп во Германија во Васеркупе. Овој викенд повторно ги освоија подиумските места во поединечна и во екипна конкуренција на Светскиот куп во Бугарија кое се одржа од 20-22 ноември 2015 г. во месноста Сопот-Карлово, Стара планина.

Борјан Јованоски повторно го докажа својот напредок и квалитет, го освои СРЕБРОТО (второ место) со 8 негативни поени, а беше прогласен и за НАЈМЛАД НАТПРЕВАРУВАЧ. Првото место му припадна на Матјаж Ферариќ со 3 негативни поени, а третото место му припадна на Матјаж Слуга со 9 негативни поени. Мартин Јованоски го освои одличното петтото место, нивниот тренер Миле Јованоски беше во погорниот дел на табелата, во конкуренција од 60 пилоти од 13 различни земји.

И покрај големата конкуренција тимот на прилепските параглајдеристи го освои ПРВОТО МЕСТО во екипно рангирање.

Следните активности на прилепските параглајдеристи се подготовка за наредната сезона во прецизно слетување, со надеж дека ќе потпомогнат институциите, исто така следното лето ќе се одржи Европското првенство во прецизно слетување во Литванија.

Р. Македонија на последното Европско првенство немаше свој претставник, со надеж дека Р.Македонија овој пат ќе има нејзин претставник, а ова е доказ дека прилепските параглајдеристи се конкуренти за медал и на Европско и на Светско првенство.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија