Пара-лизгање со птици

Човекот кој стои зад идејава точно знаел дека ќе се работи за многу јако дупло задоволство, да леташ параглајдер, а во исто време со тебе да летаат (и да те „ловат“) тренирани цареви на воздухот. Во претставување, The Parahawking Project.

Во напор да направи прогрес во интеракцијата помеѓу човекот и птиците, и да се овозможи уникатна можност да се биде со нив во нивната природна средина, воздухот, Скот Масон го зачнува Parahawking проектот. 

Всушност се работи за параглајдинг кој комбинира древни методи за соколарство, односно, додека летате, тренирани јастреби и соколи летаат и стапуваат во интеракција со вас и ве водат низ различни термики.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија