Олимписки базен “Центар” освежен за летово

Олимписки базен “Центар” со нови простории ќе ги дочека пливачите и рекреативците ова лето. Базенот има  целосно нов влез, целосно нови соблекувални, гардероби, тоалети со тушеви, комплетно нов санитарен дел, подно греење и двојна изолација. Можност за следење во живо на тренинзите преку ЛЦД екрани во фоајето. Новиот дел е по сите европски стандарди каде филтрирањето на водата е 24 часовно по електронски пат а исто така и хлорирањето е целосно автоматизирано. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија