Наслов

Официјално отварање на БолдерБар - Нова болдер сала + кафебар + многу повеќе

Вчера на 14.06.2017 официјално беше отворена новата болдеринг сала „БолдерБар” која покрај одличните и современи услови за качување и вежбање ќе понуди и неколку пропратни елементи со што одлично ќе ја освежи качувачката опција во Скопје. 

Комплетно новата сала за болдеринг се наоѓа во поранешните простории на Сквош Центарот - веднаш до СРЦ Кале. Истата располага со 190 метри квадратни површина за качување распоредена на различни ѕидови и со различни нагиби. Поставени се најсовремени елементи за тренинг и качување кои се користат на модерните светски натпреварувања како триаголници, пирамиди, обли волумени, мини „шарп” фаќалишта итн. 

Поставени се насоки како и случајно распоредени фаќалишта кои може да се користат за тренирање, а насоките ќе се менуваат еднаш месечно. Во разговор со Владимир Трповски од Вертикал Спорт - сопственикот на Болдербар тој ни пренесе дека активни инструктори за качување во вежбалната ќе бидат Ванчо Наунов, Лидија Мимова, Здравко Петровски како и самиот тој. 

Покрај одлично опремената вежбална, во горните делови од објектот е вклучен кафебар како и мала продавница за опрема за качување. 

Работното време е 09:00 до 00:00 во работните недели, а сабота и недела од 16:00 до 00:00. Па, повелете... 

Фотогалерија од отварањето можете да погледнете тука

 

15 Јуни 2017

За авторот