Одржана „Зимска школа за планинарење” во организација на ПСД Макпетрол

Овој викенд во присуство на околу 40-тина планинари од различни македонски друштва беше одржата третата „Зимска школа” во организација на ПСД Макпетрол која има за цел да ги претстави основите на зимското планинарење на сите заинтересирани. 

Со зголемената популаризација на бројните планински спортови во регионот постепено расте и потребата за соодветно запознавање, обучување и информирање почетници и ентузијасти во планинарењето, но и освежување на искуството и важните работи кај поискусните.

Имајќи ја предвид потребата за ваков тип на едукација и пренесување на знаењето, ПСД Макпетрол веќе трета година за ред на Попова Шапка ја одржуваат зимската школа која има за цел да ги запознае планинарите со основите за движење во зимски услови, опремата и нејзиното користење како и со основите во лавинологијата како посебен проблем и опасност при зимското движње. 

Тема на разговор, практично презентирање и вежбање беа: Лична опрема за зимско планинарење и нејзино користење – дерези, цепин, кацига, снегохотки (дрезги), лавински профил и основна анализа како и одбирање на патека на движење, процедура при барање на лица затрупани во лавина со помош на лавински пребарувачи (примопредаватели) како и вежбање на основните техники на самоспасување со помош на цепин, основи на турно скијање. 

Иако иницијативата и организацијата беше од страна на ПСД Макпетрол, во изведбата се приклучија и повеќе други лиценцирани водичи на ФПСМ од различни клубови како ПСД Трансверзалец, ПК Кораб – Скопје, СКК Extreme – Скопје, ПК Јелак – Тетово и Горско спасителна служба – Тетово. 

Интересот беше на високо ниво со околу 40-тина учесници од повеќе клубови како ПСД Макпетрол – Скопје, SHBE Shkupi – Скопје, ПК Македон – Скопје, ПСД Трансверзалец – Скопје и други учесници кои се уште не се членови на планинарски друштва / клубови.

Покрај оваа обука, викендов и ПК Македон самоиницијативно се приклучува кон едукационите активности од овој тип со нивна презентација за која можете да се информирате ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија