Наслов

Одбележан меѓународниот ден на Јогата во Македонија

Изминатата недела, (19 Јуни) во Скопје Сити Хол се одржа спектакуларен настан во повод обележувањето на Меѓународниот ден на јогата, под покровителство на Индиската амбасада за Македонија и Бугарија, а во организација на Уметност на живеење Македонија.

Целта на настанот беше промоција на јогата како здрав стил на живење, начини за успешно справување со секојдневниот стрес и напнатост и техника за постигнување внатрешна благосостојба и мир.

Во текот на целиот ден, имаше разнолика содржина проткаена со најразлични теми, претставени од различни јога школи. Сесиите беа интерактивни и изобилува со теорија, дискусија, вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација.
Програмата започна во 09.30 со музички перформанс од светските познати музичари Ерхан и Мерсиха Шукри, по што Амбасадорот на Бугарија и Македонија Раџеш Кумар Сачдева се обрати до присутните. Првата сесија беше резервирана за т.н. "Јога протокол" презентиран од Уметност на живеење Македонија, составен од сите најзначајни јога асани во која учествуваше и амбасадорот.

Потоа следеше забавната сесија Јога за деца на Art Excel, кога децата и возрасните заедно ги вежбаа асаните на детски начин. Сесијата изобилуваше со забава, радост и насмевки. Потоа следеше сесија „Здивот како извор на енергија" водена од Healthy Yoga на која преку теоретски и практични вежби се почувствуваа придобивките од позначајните техники за дишење. Јога клубот Тара зборуваа за „Eнергетско тело" и енергетските центри. Центарот за јога и личен развој ја обработи темата „Јога-техниките - вистински благодет за нашето тело и ум" преку практични вежби и асани, по што следеше јога школата Yogalchemy на тема „Релаксација" во која сите присутни убаво се релаксираа преку техниката јога нидра. Потоа се зборуваше за „Јогата и љубовта" од страна на Јога центар Тафталиџе, каде на еден суптилен начин се опфатија сите аспекти на љубовта кои јогата ги допира и на крај следеше сесијата на Jога забавиште со „Владимир Ѓеоргиев" на тема „Медитација" која заврши со една длабока и свесна медитација.

Настанот беше посетен од голем број посетители кои во текот на целиот ден уживаа во богатата содржина, и имаа можност да присуствуваат на заедничкиот бесплатен појадок со производите на здава храна „Биокосмос" и да се освежат со водите „Јана".

24 Јуни 2016

За авторот