Неговото височество – РАНЕЦОТ

Експертите од тимот на JACK WOLFSKIN ве советуваат како да го одберете совршениот ранец.

Кога одбирате ранец треба да имате во предвид две важни работи: 1. Како и за обувките, тој треба добро да одговара на вашето тело, затоа нудиме ранци со разновидни должини на грбот и модели наменети за мажи и за жени. 2. Носечкиот систем, материјалите и опремата треба да одговараат на активноста.

Така на пример, трекинг ранците треба да бидат доволно комфорни за да се носат подолг временски период. Кога станува збор за алпски тури, слободата на движење на телото и малата тежина ја имаат клучната улога. Ранците кои се наменети за по кратки тури и за на велосипед би требало да нудат добра вентилација, а пак оние градските за секој ден, треба да обезбедат доволно простор за складирање на лаптоп и разни предмети.

 

Кои детaли ги прават JACK WOLFSKIN ранците толку посебни?

“Одличниот материјал и совршениот носечки систем се приоритет за ранците. Она што често ја прави разликата помеѓу разните модели, како и да е, се малите, практични детали. Врз основа на нашето лично искуство, ние постојано ги развиваме и усовршуваме нашите ранци.” (Falko Schott, Продукт Менаџер во Jack Wolfskin)