На Северниот пол во април

Најстудениот маратон на светот

Тешко дека некој од сегашниве кениски и други афрички рекордери ќе помисли да се натпреварува на овој маратон..

Од 2003 година па наваму, некаде близу неконстантната географска локација на северниот пол (поради движењето на мразот, локацијата константно се менува) се наоѓа руската база Барнео откаде во април секоја година започнува едно она најуникатните спортски збиднувања на планетава, маратонот на северниот пол

Трката која се трча на ледената капа на арктичкото море е со стандардна должина, но со не толку стандардни услови. Температурите тука во просек се движат на -30 целзиуси па така секој од натпреварувачите има огромна препрека која треба да ја помине пред себе.

Натпреварувачите ја трчаат кружната рута целосно опремени, а во текот на натпреварувањето дозволено е влегување во шатор каде што можат да се освежат и да се затоплат. Со право, прваците на овој екстремен маратон завршуваат со времиња околу дупло поспори од рекордите во нормални услови. 

Интересно е тоа што обезбедувањето на маратонот како и луѓето кои го следат времето на натпреварувачите се вооружени како би заплашиле некоја поларна мечка која случајно може да посака храна. 

Оваа година се одржа трката на која земаа учество 47 натпреварувачи од 20 различни земји. Победник во машка категорија беше Американецот Мајк Вардиан со време од 4:07:40, a во женска Германката Ане-Марија Фламерсфилд со време од 4:52:45

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија