Најспортско запросување на годината

Иако поминаа веќе неколку недели од Крали Марко Треилс, радосни сме да ви го пренесеме според нас најспортското запросување за 2015 година во Македонија. После 65 километри и 3100 метри угоре-удоле, оди па клекни на колено да те видам. Ама Александар издржа, а Елена секако кажа „да”.

Инаку тројцата момци кои ги гледате на првава слика имаа заглавено во ноќните часови на последните сегменти од трката, а дождот непрекинато лиеше.

Иако сите знаевме дека тие тројца фино и забавно си поминуваат, Елена беше помалку и загрижена. 

Ама момците стасаа и Алек си го направи своето. 

Браво дечки, нека ви е со среќа

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија