Најпознатите патики за баскет слават стогодишнина

За тоа колку Стар(во Македонија често со Т)ките своевремено владееа во полето на спортот и беа избор на патики кај скоро секој професионален кошаркар и спортист вели фактот што во 60тите 90 проценти од кошаркарите во Америка го носеле токму овој модел. Нешто повеќе, подолу.. 

Во 1908 година во Масачусец Маркис Милс Конверс ја основа компанијата Converse Rubber Shoe Company. После 9 години постоење, фирмата за обувки ги дизајнира првите Ол Стар-ки (Converse All Star), прилично едноставна патика составена од гумен ѓон и платно која главно била наменета за професионалните кошаркари и се продавала во како елитна класа на патики за оваа фела на спортисти.

Неколку години потоа, во 1921 година во кошаркарскиот тим спонзориран од оваа компанија наречен Конверс Ол Старс доаѓа Чарлс Чак Тејлор. Чак професионално играл кошарка, дополнително бил кошаркарски тренер во некое средно школо и започнал многу активно да работи на промоцијата и рекламата на Ол Старките.

Во подоцнежниот период како главно заштитно лице и комерцијалист за патиките тој започнува да прави промени во нивниот дизајн, каде што ја унапредува нивната флексибилност и додава дополнително парче платно за заштита на скочниот зглоб.

Во декадите што претстојат Старките доживуваат вистински бум на спортската сцена, но и кај секојдневниот човек. Во 50тите и 60тите Конверс држи повеќе од 80 проценти од продажбата на патики во Америка, а над 90 проценти од сите кошаркари (на професионално и колеџ ниво) ги носеле Ол Старките како прв избор на патики за баскет.

Поради огромното залагање на овој човек во промоцијата на овие патики, тој на некој начин индиректно го има издефинирано лицето на модерната кошарка и поради тоа во 1968 година Чак оди во кошаркарската „Сала на славните”. Една година подоцна, тој умира.

По неговата смрт настапува и опаѓањето на моќта на компанијата. Други брендови се појавуваат на сцената и сите го бараат својот удел во овој бизнис со нови понуди, дизајни и идеи, но славните Старки се„ уште живеат.

Последниот професионален кошаркар во НБА кој ги носи овие патики е Три Ролинс во сезоната 1979-80.

Точната бројка на продадени Ол Старки не се знае но се претпоставува дека надминува над 800 милиони пара.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија