Најчести незгоди при планинарење

Поминат викенд на планина, искачени врвови, вдишан чист воздух, преубава природа и доколку се тоа помине без повреди, Е ПЕРФЕКТНО ПОМИНАТ ВИКЕНД. Но, не секогаш оди сè според планираното. 

Некои незгоди може вашето одлично расположение да го променат за секунда. Важно е да бидеме свесни, особено почетниците во планинарењето, дека планината не е градска средина и доколку не се припремиме за одредени опасности, има шанси да се повредиме.

Ќе ги разгледаме најчестите незгоди кои можат да ни се случат на планина, како би ги спречиле, или доколку се случат, како реагираме во тој случај.

1. Плускавци
Плускавците настануваат од триењето на стапалата од внатрешноста на обувката, најчесто како резултат на неправилна големина на обувки, но и на поголема количина на влага(пот). Постојат неколку чекори го можеме да ги превземеме, се со цел да ја намалиме опасноста од појавување на плускавци. Првиот чекор е да одбереме обувки кои ќе одговараат на големината на стапалата. Не треба да бидат премали, ниту преголеми. Но постојат и други чекори, како антиблистер чорапи во чив состав ке нема памук, препорачливо да бидат изработени CoolMax кои ќе ги држат вашите стапала суви.

Исто важно е и големината на чорапите да одговара на вашите стапала, бидејќи доколку се поголеми, на некои места ќе бидат одвоени од вашите стапала и ќе се направат услови за триење. Лепенки против триење, намази против плускавци, па дури и пиење на вода во текот на планинарењето ќе ја намали опасноста од плускавци.

2. Болки во колковите и колената
Кога планинариме на подолги релации, или пак на поголеми успони, може да ни се појават болки во колената или колковите. Препорачуваме за намалување на ризикот од појава на болки во колковите и колената, пред почетокот да се истегнеме и да ги “загрееме”. Користењето на штеки за планинарење го намалуваат ризикот од појава на болка, на тој начин што ја распределуваат тежината, која нема да “падне” само на нашите колена и колкови.

Да не дозволиме преголем замор, бидејќи кога телото има максимален замор перцепцијата или свеста за безбедно движење се намалува. Доколку се појави болка, одморете, можете и да се напиете анти-фламаторни апчиња(Ibuprofen). Болката некогаш е знак дека треба да додадеме мускулна маса на тој дел од телото, односно фали зајакнување на тој дел на телото. Во случај да болката продолжи и во следните неколку дена, тогаш посетете доктор.

3. Гребаници и посекотини
Кога пешачиме и планинариме, треба да пазиме на теренот околу нас. Пазете на гранки, грмушки, карпи, зимно време на остар лед и др. Секогаш носете пакет за прва помош. Доколку настане посекотина, треба брзо да ја исчистиме, да го сопреме крвавењето, да нанесеме антибиотик и да пазиме на инфекција. Доколку посекотината е подлабока, преврзете ја и брзо посетете доктор. Се препорачува и инекција против тетанус, доколку од последната инекција која сте ја примиле, поминале минимум 5 години.

4. Дехидратација
– Во врска со дехидратацијата, прочитајте ја нашата статија

5. Изгореници од сонце и сончаница
Изгорениците од сонце се честа појава. Заштите се со тоа што ке облечете долги ракави – секогаш во светли бои, носете капа, по можност облеката да е со УВ заштита. Намачкајте ги деловите од вашето тело, кои се директно изложени на сонце, препорачливо е со висок фактор. Доколку настанат изгореници, деловите кај кои има изгореници од сонце премачкајте ги со AfterSun лосион кој во себе ќе содржи Алое Вера.

Избегнете ја сончаницата со тоа што ќе одбегнувате изложување на директно сонце, одбегнувајте го планинарењето во најтоплите денови од годината, особено во најтоплите делови од денот. Пијте многу вода, особено вода богата со електролити, или изедете некоја банана. Доколку сте дезориентирани, без концентрација, тоа е добар знак дека сте добиле сончаница. Во тој случај, треба во најбрз можен рок да се тргнете од директно изложување на сонце, да испиеме поголемо количество на вода, доколку има некој извор во близина, добро е и да го оладиме нашето тело. Препорачливо е масажа на екстремитетите.

6. Убоди од инсекти и крлежи
Честа појава кај планинарењето се убодите од инсекти, особено од комарци. За да се заштитиме од истите, треба на носиме облека со долги ракави. Препорачуваме истата да има репелент(одбивник) за инсекти, доколку нема, тогаш треба да испрскаме репелент на незаштитените делови на телото. За после убодите кога ке почне телото да не чеша, има препрарати за после убоди кои се на база на амонијак.

7. Свиткување на зглобови
При планинарење на нерамни или лизгави терени, има голема опасност дека ќе дојде до свиткување на зглобот. Високите обувки ја намалуваат шансата за свиткување на зглобот. Планинарењето со штеки исто ја намалува опасноста. Бидете внимателни, никогаш не брзајте и убаво запазувајте го теренот каде газите.

Запомнете, планината може да биде перфекнто место за одмор надвор од градските средини, но доколку не бидеме внимателни, може да стане и опасно место. Затоа бидете внимателни, опремата на вас, и се гледаме на некои од нашите прекрасни планини. 🙂