#МТДФЕ – Боби и Тео се на половина експедиција, сè оди по план

Ажурираме информации директно од Македонската Тур де Франс Експедиција каде Слободан Трајковски и Теодор Неделковски се скоро на половина пат со уште неколку интересни етапи за гледање викендов. 

Слободан Трајковски вели:

Засега сме на половина од експедицијата и се оди според планираното освен дождот којшто го имавме на 4 од 6 дена досега. За шест дена се искачени 5 превои – Кол дел Агнел, Кол де Варс, Кол де ла Бонет, Кол ду Лутарет и Кол ду Галибие. 

Досега имаме поминато 490 километри и вкупно искачено 8300 метри. Најголемото спортско достигнување за љубителите на планинските превои е постигнатото искачување на највисокиот планински превој во Европа – Кол де ла Бонет. Тоа е 2802 метри висок превој што ги поврзува градовите Гренобл и Ница. Порано тој пат служел за потребите на француските војски и оттаму неговото историско значење, а спортскиот дел е самата негова висина, инклинација и значење на досегашните изданија на ТДФ. 

Една вечер спиевме на 2056 метри над морето на преминот Кол ду Лутарет со поглед на глечери високи 3000 метри под кристално бистро небо. Најголема криза се јави веќе вториот ден при качувањето на Кол дел Агнел кога членовите на експедицијата мораа да ги туркаат велосипедите 10 километри (3 часа) во магла за да се искачат на 2744 метри високиот премин и притоа постојано да му бегаат на дождот. 

Ја изгледавме првата ТДФ етапа во градот Гап каде повторно беше развиорено македонското знаме и снимено на светските канали. Следните две етапи сме на Кол ду Гландон и Кол де ла Кроа де Фер каде ќе ги гледаме натпреварувачите на најстрмнуте делови и во сабота на петтата кривина на легендарниот Алп Дуез каде ќе се реши овогодинашниот победник. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија