Може ли Стефани да го добие „Пушкаш“?

Кога жена покажува како се шутира волеј, е тоа ти е за машка награда..

Од 2009 година па наваму ФИФА на годишно ниво ја доделува наградата Ференц Пушкаш за естетски најубав гол, а оваа година Стефани Роше има реални шанси да стане прва жена што ја освоила оваа награда.

Како играч на Пимаунт Јунајтед во дуелот против Вексфорд, 25-годишната Стефани која доаѓа од Ирска постигна исклучително убав гол со волеј кој инстантно влезе во потесната група на предлози за наградата „Ференц Пушкаш“ оваа година. 

Голот можете да го погледнете ТУКА

Таа стана единствената жена во листата за наградата оваа година покрај играчишта како Златан Ибрахимович, Диего Коста и Робин ван Перси, а гласањето е веќе отворено и ќе трае до 1 декември оваа година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија