Ретро

Локомотива со лице и збор за финиш

Некогаш не е доволно само да ја преминеш целната линија прв, битно е и што ќе изјавиш после тоа. Некогаш ненадминлив, Чешката локомотива Емил Затопек му покажа на светот што значи да си спортист и да  ја имаш и носиш победата одвнатре, и во телото и во душата. 

Носител на 5 олимписки медали, и медал Pierre de Coubertin под знамето на Чехословачка го прават  Емил долгопругаш од класа, но и од збор, секогаш подготвен да изјави нешто силно..

-Спортистот не може да трча со пари во џебовите. Тој мора да трча со надеж во срцето и соништа во главата.

-Голема е предноста кога се тренира во непожелни услови. Подобро е да се тренира во лоши услови, бидејќи разликата е во огромното олеснување за време на трка.

-Моето трчање беше многу едноставно; тоа беше надвор од мене.

-Да се фалам со изведба која не можам да ја победам е само глупава суетност. И ако можам да ја победам, тоа значи дека немало ништо особено во врска со неа. Што поминало е веќе завршена работа. Мене повеќе ме интересира она што допрва ќе дојде.

-Доколку некој може редовно да тренира во текот на многу години, тогаш мотивацијата веќе не претставува проблем. Дали врне? Не е важно. Дали сум уморен/уморна? Тоа веќе нема поента. Едноставно морам да тренирам.

-Невозможно е да се искачите на вториот кат без скала. Кога поставувате премногу високи цели и не ги иполнувате, тогаш вашиот ентузијазам се претвора во горчина. Пробајте да почнете со разумна цел, која со време ќе ја зголемувате. 

-Доколку сакате да трчате, истрчајте една милја. Но, доколку сакате да искусите поинаков живот, истрчајте маратон. 

-Голема е победата, но пријателството е уште поголемо.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија