Ја молиме La Niña зимава да не посети!

Кучката се врати

Кучката на Ел Нињо во 2010 ја зафаќа Америка и ја носи најснежната зима досега. Кец на десетка за снимање на снежен филм.

Ла Ниња, кучката на Ел Нињо е двоен океанско атмосферски метеоролошки феномен кој носи обратни метеоролошки промени од нејзиниот фраер. Ова значи многу студ и многу снег.

Во 2010 година Америка е зафатена од овој феномен кој буквално ја затрупува цела држава со снег, а за Matchstick Productions сиот тој ситно кристализиран нанос бил инспирација за креирање на снежен филм.

Во “Attack of La Niña: The Bitch is Back” се претставени голем број скијачки таленти на денешницата кои патуваат и скијаат на различни локации за време на најдолгата и најдлабоката зима 2010/11 во северна Америка. Филмот изобилува со супер стрмни спуштања, неверојатно длабок powder и прекрасни глетки, а беше промовиран во септември минатата година.

Погледнете го трејлерот