Кој е легендарната четка вон ски стазите?

Глен Плејк се смета како пионер на ектремното скијање во САД. На скии прв пат се качил кога имал две години, момент кој му оставил траен впечаток за да го посвети животот на овој спорт.

 

Потекнува од Калифорнија, а се прослави како екстремен скијач во еден од првите филмови на Грег Стумп наречен “The Blizzard of Aahhhs”.

Ски трките за Американскиот национален “mogul” тим само ги изострија неговите технички вештини. Во соработка со некои спонзори Глен почна да ја менува перцепцијата на луѓето, така што често е нарекуван и пионер на акционите спортови. Шамони го изложи Глен во светот на планинарството, и следејќи ја традицијата на екстремното скијање, тој ги направи првите спустови во Европа, Северна и Јужна Америка, и Азија.

Неговата континуирана промоција на овој спорт го носи до некои неверојатни места за скијање низ САД каде Глен и неговата сопруга Кимберли патуваат до помалите ски области и скијаат со локалното население. Глен и Кимберли живеат на пат, а одмараат во нивниот дом во Невада и стан во Шамони, сè во зависност од сезоната.

 

Препознатлив е по својата фризура-четка “Mohawk” која често ја фарба во различни бои.

Интересен разговор со овој несекојдневен страствен скијач можете да прочитате тука.

Првото видео е кратка репортажа со Глен Плејк во соработка со неговиот спонзор Salewa, а доколку ви се гледа малку ретро скијање (сегменти од филмот “The Blizzard of Aahhhs”), ѕирнете ги наредните видеа.