Наслов

Кои се твоите оправдувања?

Кога дедово роден пред балканските војни може да го седне газот на друмски точак и да влезе во велодром за да ја постави најдобрата измината дистанца за еден час на негови 105 години, тогаш кои се твоите оправдувања?

Вчера на 04.01.2016, парижанецот Роберт Маршанд импресионираше со неговиот настап на францускиот велодромот каде на негови 105 години успеа за еден час да извози 22,5 километри.

Роберт е веќе добро познат во овие натпреварувања откако во 2014 година на негови 103 години успеа да го постави најдобриот резултат во категоријата 100+ со извозени 26,9 километри за еден час вртење во велодром, а овојпат, тој успеа да го направи истото и за категоријата 105+ каде навистина ретко може да се најдат вакви примероци. 

„Можев да одам и побрзо, само не го видов навреме означувањето на 10 минути пред истекување на предвидениот час.” - вели Роберт по завршување на возењето. 

Тој изјави дека велосипедизмот е дел од неговиот живот, откако во 1925 година го купил неговиот прв велосипед и ја добил неговата прва трка на 14 години. Сепак, тогашните тренери го одбиле за професионално учество во тим сметајќи го за пренизок за спортот, но на крајот тој успева да изгради одлична спортска кариера како гимнастичар и боксер. 

Неговите тренери велат дека Роберт е екстремно ефикасен во возењето велосипед, а неговиот пулс е исклучително низок. Во едно 20-минутно тест возење неговата горна граница на срцеви отчукувања не била над 100. 

Маршанд ги има надживеано двете светски војни, живее сам откако неговата жена починала во 1943 година, нема деца и тренира самостојно. Вели дека вози помеѓу 10 и 20 километри на ден, но најчесто дома во затворено бидејќи се плаши да не фати грип. 

Тој е првиот човек на оваа возраст што се пробува да постави ваков тип на рекорд во еден велодром, но и самиот изјавува дека воопшто не се чувствува специјално. 

05 Јануари 2017

За авторот