Киоск за поправање на точаци

Иако е веќе од пред некое време, идејата е генијална. Вендинг машина, онаква за кафе, ама ти нуди делови за точак како гуми, лепенки и слично, чисто за итни случаево. А до нејзе мини работна станица со алати за да можеш да ги извршиш потребните поправки.

 

Bike Fixtation се вика целокупната работна станица за разни итни поправки на точак, која што во себе содржи вендинг машина за купување на резервни делови, а од страна има дел каде што ги има сите потребни алати, од клучеви, пумпа, инбуси, шрафцигери и слично. И сите се фино врзани со сајла, случајно да не побегнат. 

Идејата е лансирана од Chad DeBaker и Alex Anderson првично во јужен Миенаполис, а сега е раширена на повеќе места во САД, како во Калифорниа и Тенеси. 

Од кога се отворени, машините имаат стотици продажби. Во нив, покрај делови за точак ставени се и разни пијалоци и ужинки, како и мултифункционална алатка, креми за сончање итн. 

По првото инсталирање на станицата во Минеаполис, ДеБекер бил преплавен со повици од разни општини, паркови и школи, не само поради функционалноста туку и поради цената, 7,700 долари за цел киоск што поставено на високо фрекфентно место се исплаќа самото за година дена. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија