Качувањето мраз одлично ги одработи своите пет минути

Веќе неколку години, качувањето на мраз е во борба да го добие своето место меѓу спортовите на Зимските Олимписки Игри, а оваа година тоа доби привилегирано место за своја одлична презентација токму на Олимпијадата. Од инсајдерска гледна точка, презентацијата на спортот пред илјадниците гледачи поминала во фантастично издание.

Спортското качување отпадна во ждребот за влез на летните Олимписки игри во 2020 година, но од страна на качувачкото лоби се прават континуирани напори качувањето мраз да го добие своето место на ЗОИ. Првично, тоа беа само гласини, но последните години овие гласини дотуркаа до таму што оваа година во Сочи, спортот успеа да добие своја демонстрација и презентација на Игрите која се покажа во одлично светло. 

Иако за време на Олимпијадата не се одржа официјално наптреварување, ниту пак имаше некакви медали или признанија за оние што учествуваа, Русите овозможија одлична шанса за прикажување на качувањето мраз на пошироката публика. 

Организаторите на демонстрацијата беа ставени на големи искушенија и маки бидејќи и самите не знаеа какви реакции да очекуваат од публиката со оглед на малата распространетост на спортот, а додатно, бидејќи се борат истот да влезе на ЗОИ, организацијата беше од круцијално значење да биде на највисоко можно ниво бидејќи можеби не сите, но доволен број на очи беа вперени токму во „новајлиите“.

Сепак, трите ѕидови кои беа изградени за презентацијата самите по себе беа ремек дело, а спортистите кои беа задолжени за презентациите во различните категории на качување, одлично си ја завршуваа работата, секојдневно и целодневно презентирајќи ги сите возбудливи детали и елементи со кои изобилува спортот.

Додатно, дозволено беше и оние кои се заинтересирани од публиката да се пробаат на бајлите и ледените насоки, а сето ова беше проследено со супер позитивни реакции од публиката. Доаѓаа стотици и стотици гледачи секојдневно на демонстрациите, некој од нив дури ни малку запознаени со качувањето, но секој беше заинтересиран за спортот кој се бори за влез во Олимпијадата и кој дефинитивно покрена доста возбуда меѓу гледачите.

Најголемата надеж за конечен влез на овој спорт на ЗОИ пристигна од Корејскиот Олимписки комитет кога тие се појавија на презентацијата и на организаторите им соопштија дека како домаќини на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг тие сакаат да го видат овој спорт на листата за натпреварување. 

Останува да видиме до каде ќе се искачи качувањето мраз..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија