К4 на Матка – прво повторување на насоката качена од Павле Козјек и Панче Георгиевски

Во далечната 1981 година Павле Козјек и Панче Георгиевски првенствено ја искачуваат насоката К4 на Матка – кај „Иглите”.

Тежината на насоката е со А4 во клучниот детал што претставува исклучително добро познавање на техничкото качување. Или, ако некој е во ранг на качувач како Павле, тогаш би можел и слободно да го искачи. 

Павле беше еден од најдобрите алпинисти во светот – 2006 година го прогласија со добивање на престижната награда „Златен Цепин”.

Зоран Мајсторски и јас во 2016 година го направивме првото повторување на оваа насока! Во документарниот филм погоре се раскажува за врвните алпинисти Павле Козјек и Панче Георгиевски кои за жал, и двајцата веќе не се меѓу живите. 

Во документарниот филм се појавува и Јован Попоски кој е првиот што има пробувано да ја искачи насоката, и Виктор Грошељ, познат алпинист од Словенија.