Комшиска позитива

И Софија НаКолело

На Гошо и на останатите софијанци им дошло преку гидан исто како и на луѓето што ја подржуваат Критичната маса во нашите македонски градови, па дечкото решил да го направи февруарскиот челинџ „Колело срещу кола” кој се однесува за сите негови сограѓани шофери. Одма ќе ви кажеме дека Гошо е прав пример за еко-совесен граѓанин и целосно го подржуваме. 

Не знаеме до каде е бугарската метропола со нивните Критични маси (единствено што гугл ни даде беа некои дамнешни, од пред неколку години и некои понови споствено организирани вело-разходки) меѓутоа знаеме што прави Гошо. 

Неговиот самоорганизиран предизвик кој веќе неколку дена се одржува е насловен „Колело срещу кола” и има намера да поттикне што повеќе софиски шофери да го придружат во неговите претходно востановени маршути низ градот и да се уверат дека точакот е побрзо средство  за транспорт отколку автомобилот.

Покрај ова, тој наведува и уште низа други причини поради кои тој вози велосипед ПА И ВО ЗИМА, а нас најмногу ни го милуваше увото онаа за како дека можеш да се ќефиш на различни маршути. 

Неговиот предизвик трае од 16.02 до 20.02 а денес се вози од Борово до НБУ.

Истава поента, за тоа каде ТОЧАКОТ ЈА ШИЕ КОЛАТА ја доловија и луѓето од скопскиот НаТочак, па уверете се во погорниот линк кој е побрз, особено в пиковите часове.

Следете го Гошо, предизвикот и неговиот Велодиспансер Fix&Ride на фејсбук тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија