Незаборавно искуство на падините од "Трите Долини"

From “French Alps” with love

Ски Центарот “Три Долини” e спој на повеќе ски центри во еден,така да со една ски карта можевме да скијаме на околу 600 км ски патеки, 120 крос кантри , 183 ски лифтови кои пренесуваат околу 260.000 скијачи на час, 1920 снежни топови и 76 ратраци.

Оваа област ангажира 424 спасувачи – ски патрола и повеќе од 1500 ски инструктори. Трите Долини ги сочинуваат најдобрите ски центри кои се меѓусебно исповрзани, а станува збор за светски познатите ски ценри Куршвел, Валторенс, Мерибел, Орел, Сент Мартин, Ла Таниа.