Финалистите од ЕХО конкурсот за аматерското видео 2015

Конечно објава на финалистите од конкурсот за аматерското видео 2015. И оваа година како и ланската, ЕХО објави конкурс за аматерско видео, се со цел за да мотивира и инспирира снимање на авантурите и она што го искусуваме на планина.

Годинава стигнаа 20тина апликации, а ова се најдобрите 13 кои се влегуваат во финалето за најдобро видео. Жирото на фестивалот ќе одлучи и соопшти на официјалното затварањето на фестивалот кој ќе биде победникот. А Проспорт Скопје и оваа година подржува и мотивира, и победничкото видео го наградува со најдобрата камера на пазарот, најновиот модел на GoPro HERO 4 session.

Избраните финалисти се:

Александар Стојановски – Истражување на пештерата Ѓоновица

Бојан Наунчевски- Donwhill на снег на Водно

Димитар Лисичков – Искачување на Солунска глава преку планинарски дом Чеплес со МТБ

Драган Богоевски – Exploring the Best Coast

 

Зоран Димовски Зш Точак – Mytikas2015

Игор Јовановски – Лаваредо

Игор Караџоски – Прилеп е надвор

Јован Тодоровски – Пропаста Рблок

Јовица Вукобрат – Мавровска рекреација

 

Коста Лазаревски – Salakovi Lakes

Филип Кордановски – Kajgana MTB Crew @Popova Sapka 2015

Филип Перевски – Preku sliva

Miki Sazdovski- TRIP TROUGH DEEP