FITNESS IS COMING

Џогирање на тронови

Ако нешто е мерило дека серијата (серијалот од книги) е екстремно влијателен и важен фактор во животот на некои луѓе, тогаш кога ќе видиш дека тој претставува стимул за џогирање, ќе ти стане јасно. 

Група на инспирирани дечки кои во глава сè уште им се врти последната сезона, а напоредно ги повторуваат претходните две, го основаат проектот Run of Thrones во кој што луѓето со помош на ГПС уреди за следење трчањето ги мапираат амблемите на клановите.

Првично проектот е почнат од Ген Лу, GOT ентузијаст и дизајнер кој има искуство со проекти како Nike+ Running, скоро најквалификуваниот човек кој би можел да започне ваква работа. Првиот амблем што беше истрчан беше грбот на Старк, а од тогаш идејата ја има префрлено на тамблр каде може да се аплоудуваат сите проекти кои луѓето ги трчаат низ светот.

И Run of Thrones си зафати некој виралитет. Фановите имаат мапирано амблеми во Њу Делхи, Панама Њу Јорк, Лос Анџелес итн.

Еве и помош ако имате идеја низ Македонијава да го мапирате грбот на Таргеријанците