Дунав Ултра II

Во границите на нашиот источен сосед има тројца луди велосипедски ентузијасти (не се професионалци, ами аматери) кои втора година по ред ќе се обидат самостојно да го извозат ултра-маратонот Дунав Ултра. Низ целата северна граница на Бугарија, цирка 700 километри за само 48 часа, и тоа оваа година со дополнителен предизвик.

Минатата година тројцата велосипедски љубители и ентузијасти Борис Бегмов, Петар Златков и Константин Славов тргнаа на својот прв исклучително тежок обид, велосипедскиот ултрамаратон Дунав Ултра кој тргнува од селото Куделин, Видинско и цепа низ цела северна граница по течението на Дунав до Дуранкулак на Црното Море. 670 километри на точак за помалку од 48 часа. Таа година не успеаа, па зошто да не се проба повторно и оваа. 

Само што оваа година тројцата љубители на велосипедизмот ќе имаат уште поголем предизвик. Сакајќи предизвикот да го направат уште поголем, тројцата одбраа да оддадат почит за првите Тур Де Франс велосипедисти кои на почетокот на минатиот век возеле неверојатни должини во само една брзина, поради самата ограниченост на техничките и машинските елементи.

Затоа, тројцата авантуристи оваа година турата ќе се обидат да ја минат во само една брзина. Планот е да се вози скоро без застанување, со многу мали паузи. 

Велосипедистите се аматери кои оваа авантура ја прават со цел да се поткрепи и поддржи идејата за изградба на соодветна велосипедска инфраструктура во близина на северната граница на Бугарија. 

Следете ги дечките ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија