Документарец на Горан Вуќиќ

Дуфоршпице – наши луѓе – одличен документарец

Во летото 2014 година македонските алпинисти Александар Кирковски, Никола Андоновски, Васил Трендафилов, Горан Срезовски го искачија вториот највисок врв на Алпите – Дуфоршпице кој се наоѓа на граница помеѓу Швајцарија и Италија. Искачувањето беше изведено по „Италијанската рута”. 

Дуфоршпице е врв кој се наоѓа на масивот Монте Роса и со неговата висина од 4634 м.н.в претставува највисок врв на Швајцарските и Пенинските Алпи и втор највисок врв на Алпите после Мон Блан.

Во 2014 година нашите алпинисти успеаја да го искачат врвот по Италијанската насока во одлични временски, но релативно тешки услови во насоката поради претходните врнежи на снег тој период. Според информациите, ова е прво искачување на Дуфоршпице по оваа насока од Македонци.

Одличниот документарец кој го доловува целото искачување е во режија на Горан Вуќиќ, а истиот беше прикажан на ЕХО 2014 во Скопје и на ЕХО Банско 2015 година. Отсега филмот е достапен за гледање на интернет. 

Уживајте во одличната авантура на Алпите. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија