Баланс + спортски навики и препораки за активен живот

Наслов

Добар баланс во секој аспект од животот - Интервју со Кокан Ајановски

Колку е важен балансот во вашето секојдневие и во спортскиот начин на живот?

Балансот е најважен. Тоа е тајната на успехот во спортот, а, според мене, и во животот воопшто. Само балансот може да ни помогне да бидеме константни и никогаш да не се откажеме од нашите цели и од патот што води кон успех! Треба да се бара баланс во сè, во исхраната, во професионалниот живот, во семејството. Во одржувањето на физичкиот баланс, секако, ми помага и редовната консумација на Баланс +, како одличен пробиотски функционален производ кој му е потребен на организмот.

Како влијае врз твојот организам секојдневното консумирање Баланс +?

Одлично. Го консумирам со најголемо задоволство. Уште првиот пат кога го пробав, знаев дека тоа ќе биде долга љубов меѓу нас! 

Дали може да ни го откриеш твојот ритуал пред трчање? Кога најчесто пиеш Баланс +?

Одвај чекам да дојде моментот кога треба да трчам. Најчесто тоа го правам наутро, но кога и да трчам, уживам со најголемо задоволство. Во зависност од тоа каков тренинг ќе правам, така и се подготвувам. Прво го правам трчањето во мојата глава и откако ќе се осигурам дека ќе успеам и дека сè ќе биде во најдобар ред, го почнувам тренингот. Кратко истегнување и загревање секогаш е неизбежен дел од овој ритуал. Баланс + најчесто пијам по завршувањето на тренингот, како дел од шејкот што го пијам. Исто така, често пијам чаша Баланс + како ужина или навечер, во комбинација со некоја салата.

Како физички и кондиционо се подготвуваш за да можеш да ги издржиш секојдневните тренинзи и честите натпревари, било да е тоа маратон или полумаратон?

Мојот живот е спорт, во секоја смисла на зборот. Јас уживам да спортувам. Постојано имам здрав и активен начин на живот. Трчам 6 пати во неделата, а вежбам уште 3-4 пати. Внимавам што јадам и секогаш внесувам додатоци во исхраната. Посетувам СПА-центар и редовно одам на масажа. Пиењето Баланс + е мојот секојдневен ритуал што игра голема улога во мојата физичка подготвеност.

Кои се најважните совети за сите оние што трчаат и живеат во спортски дух?

Да го сакаат тоа што го прават. Само така ќе може да го прават постојано и да ги чувствуваат вистинските бенефити од трчањето и од спортот. Да имаат високи цели, но да ги остваруваат чекор по чекор.

Дали треба подготовка пред трчање?

Секако дека треба. Подготовката е потребна за што и да правиме во животот, па така и за трчањето. Јас уживам во секој момент додека се подготвувам и тоа треба да го прави секој од нас. Мојот ритуал пред трчање ви го открив претходно, каде што нагласив дека трчањето треба да ни биде задоволство на сите.

Што консумираш пред и по секој напорен тренинг и важен натпревар?

Секогаш тоа е високонутритивен, нискокалоричен шејк со Баланс + за кој сум сигурен дека ги содржи сите потребни хранливи состојки за да ги задоволам моите потреби. Тоа е и дел од успехот низ сите овие години, да имам посакувани резултати и да бидам во топ-форма!

Кој е твојот совет за сите оние што сакаат брзо да ослабат пред летниот одмор и да се вратат во форма?

Мојот совет е да не брзаат. Брз успех не постои или може да биде само моментален. Нека го фатат редот и еднаш кога ќе ги добијат посакуваните килограми и физичкиот изглед, никогаш да не заборават колку труд вложиле и секогаш да најдат начин како да ја одржуваат својата форма. И, секако, како што реков и на самиот почеток, да настојуваат да одржуваат здрав баланс во животот, без оглед на тоа што работат.

21 Јуни 2017

За авторот