Денеска стартува Македонската Тур де Франс Експедиција

Денеска тргнува на пат петтата по ред Македонска Тур де Франс Екеспедиција. Членовите на експедицијата тргнуваат со автомобил до Торино од кадешто ќе ја започнат авантурата низ Алпите.

Стартот е во Сан Мауро Торинезе во четврток во 10 часот, а целта е истото место на 29 јули. За време на 14те дена на Алпите експедицијата ќе помине 1500 километри, со вкупно искачување од 25000 метри, ќе посети 4 ТдФ етапи и ќе искачи 10 планински превои.

Очекувајте да го видите македонското знаме на финишот на 16, 18, 19 и 20 етапа (од 20 до 25 јули) Членовите на експедицијата Слободан Трајковски и Теодор Неделковски ќе се искачат на 2802 метри високиот премин Кол де ла Бонет, 2770м Кол де Изеран, 2744м Кол дел Агнел, и на „велосипедските споменици” Алп Дуез, Галибие, Гландон (два пати за два дена), Кроа де Фер и неколку други попатни премини како Кол де Вар, Сан Бернар и Лотарет.

Во чест на малиот јубилеј ќе биде снимен и краток документарен филм којшто ќе биде промовиран во ноември. Исто така се планира и трибина на којашто ќе биде истакнато сето она што беше значајно како достигнување во сите експедиции.

Во текот на овие 16 дена, членовите за време на нивната авантура ќе ни испраќаат редовни информации од терен поткрепени со по некоја фотографија кои ќе ги ажурираме на нашиот портал. Бидете во тек и уживајте во Тур де Франс. 

Истотака, тука можете да го прочитате интервјуто со Слободан Трајковски за експедицијата во 2013 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија