Цицките кои ќе лизгаат преку Антартикот

Во обид да привлече внимание, австралискиот ветеринар Геоф Вилсон има намера да го помине Антартикот влечејќи санка на која има две големи розеви дојки, се со цел да собере донации кои ќе одат за подигање на свеста за ракот на дојка.

Овој ноември, Австралиецот планира да ја направи експедицијата Pink Polar каде треба сам да го помине Антартикот со крос кантри скијање и со помош на ветерот – kite skiing влечејќи ја неговата санка која ќе ја носи опремата за негово преживување.

Со експедицијата, Вилсон се надева дека ќе собере 1 милион долари кои ќе одат во добротворни цели кај фондацијата McGrath, и ќе се обиде да го сруши светскиот рекорд за поминување на Антартикот од 64 дена.

Санката наместо bobsled се вика “boob sled” и на неа ќе има прикачено две огромни фиберглас цицки кои симболично ја прикажува целта на експедицијата, подигање на свеста за ракот на дојката.

Вилсон не е некој аматер кој бесмислено се нафаќа на ваков зафат. Тој е сопственик на експедициите 5th Element, и ги има поминато Сахара и пустината Симпсон.

Сè започнало откако другарката на Геоф, новинарката Кејт Карлајл претрпела две последователни појавувања на болеста. Тие велат дека единствената работа која спојува авантурист и жена која преживеала рак на дојка е храброста.

Моментално тој е на тренинг сесија во Iqaluit, северозападниот дел на Канада.