Човештвото константно губи од форма

Компарацијата на некои скелети покажува дека и најспремните денешни атлети би се изгубиле во снагата на еден фармер од времето на нашите предци. И тука постои една многу добра технолошка причина за тоа. 

Антрополошко истражување на Кембриџ водено на оваа тема укажува на драстичното мусклоскелетно ослабнување кое му се има случено на човекот во текот на милениумите, почнувајќи некаде од 7,500 години пред нашата ера, па се` до сега. 

Според Алисон Мекинтош, физичката градба на човекот има доживеано надолни промени уште од времето кога сме се префрлиле од општество ориентирано на лов во земјоделие каде што силата и мобилноста на долните екстремитети кај мажите драстично се намалила. Споредбено и со фосилните остатоци од понов век, а и со сегашните просечни студенти исто така е забележана голема разлика (пад) во пропорциите на коските и целокупната мускулноскелетна конфигурација. 

Компарацијата дефинитивно покажува дека и најтренираните луѓе од денешницата би изгледале бледо во споредба со фармерите од минатото и за сето ова најверојатен виновник е напредокот на технологијата.

Како што таа напредувала со текот на годините, така задачите на луѓето се намалувале и тие станувале понеактивни. Како резултат, ние не само што сме помалку активни од нашите предци, еволуцијата не` има направено и далеку послаби, нешто што директно се отсликува на нашите скелети. 

Намалената физичка активност со текот на времето довела до појава на остеопороза, дебелина и уште многу други проблеми и заболувања, а иронично е тоа што денешниот човек на располагање ги има најсовремените тренинг методи и каква не нутриција, но сепак, тој е далеку послаб од просечниот фармер од пред 5300 години пред нашата ера.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија