Banff fest долга експозиција

Фото албумот на добитникот на овогодишната главна награда за фотографија на Banff Mountain Film Festival 2012. 

Типчето Neal Grundy албумов го правел три години и сите фотографии се направени на некои стени во североисточна Англија. Фотографиите се направени со долга експозиција со што перфектно се доловени ѕвездените елементи, а изворот на светлината на карпите се всушност светилките на самите алпинисти. Деловите со поконцентрирана светлина укажуваат на потешките алпинистички моменти.