Банџи ски-скокалница за секого
Некои типци во ски центарот Тигњес на француските Алпи дошле на идеја да направат рампа за ски (па и со точак) скокови од која се пуштаат луѓе ама целосно обезбедени со банџи и зиплјан систем. Значи, одиш, скокаш, се мафташ на банџито и воедно се лизгаш до доле.
На нет најдовме дека едно пуштање чини 70 долари (машала), а може да го користат било кои скијачи (потешки од 40 килограми) или велосипедисти – да и со точак можело.
Еве ја летната варијанта со најразлични реквизити и будалаштини