Кој е Стиви и што е со маратонскиве времиња?

На 19 февруари 2017 на маратонот во Севилја, Шпанија, 58-годишниот Стиви Смит успеа да заврши маратон за под 3 часа, поточно за 2:56:16 или со просечно време од 4:12 минути по километар. За Стиви трчањето на маратон со вакво темпо не е воопшто нова работа, но интересно е тоа што со овој резултат тој успеа да влезе во аналите на атлетичарските рекорди како човек што има направено најголема старостна разлика од неговиот прв официјален маратон истрчан за под три часа и овој сега – точно 40 години. Ако нешто не ви е јасно, тогаш прочитајте уште еднаш, потрчајте и размислете. 

Според Асоцијацијата на Статистичари за Друмска Атлетика (да видиш, да не веруваш и такво нешто има) со резултатот постигнат во Севилја, Стиви кој има 58 години стана првиот човек кој успеа да направи старосна разлика од 40 години и 119 дена помеѓу неговиот прв маратон под 3 часа и овој претходниот месец. 

Претходниот ваков рекорд беше држен од Американецот Антонио Ареола со 39 години и 365 дена – можете да ја видите целата листа тука.  

Неговиот прв маратон бил во 1976 година кога на негови 18 години тој истрчал за 2:54:42, a четири декади подоцна, неговиот резултат од 2:56:16 кажува дека Стиви воопшто нема направено голем пад во неговата форма. Инаку, тој е еден од малкуте – поточно 37 – луѓе кои имаат истрчано маратон под 3 часа (или поточно во негов случај под 2:47) во пет декади од живото. Неговото најдобро време е 2:29:42 постигнат во 1981 година. 

За сите што не се доволно запознаени со проблематиката на рушење маратон под 3 часа ќе направиме едно едноставна математика. За да го направите тоа потебно е да врзете два полумаратони еден за друг со време под 1:30 односно просекот на трчање да биде не поспоро од 4:26 на километар што е супер сериозен предизвик особено за 58 годишен човек. 

Но, со оглед на историјата на Стиви, неговата редовност и посветеност кон трчањето, ова може и многу лесно да се очекува. Подоле следат некои од најредовните рутини (воедно и дел од припремата за Севилја) на Стиви кој патем, работи како уредник на магазин и тренер. 

Помека површина за трчање – Во последните периоди тој префрлил поголем дел од тренинзите на трева. 

Теретана – Редовна рутина на Стиви се 5 километри џогирање со 30 минути вежбање во теретана со фокус на вежби за торзо и зајакнување на нозе. 

Долги тренинзи – Секоја недела трчал по 30 до 35 километри во период од три месеци пред маратонот во Севилја. 

Во април како и секоја година тој ќе трча на маратонот во Лондон, а во план му е да го продолжи ова најдобро време со уште еден маратон под три часа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија