Телемарк РEволуција / Telemark REvollution

Датум на почеток:

02.10.2017

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Телемарк Револуција, по трет пат во Македонија / Telemark (R)Evollution third time in Macedonia. For information in English please contact: [email protected] or Ilina Arsova

Драги љубители на снегот и зимските спортови, ве известуваме дека оваа година настанот Телемарк Револуција ќе опфати неколку викенд – обуки на различни ски центри низ земјава. Да се потсетиме дека станува збор за теренскa обука и запознавање со пионерскиот скијачки стил – телемарк, која во организација на ЗУМД ТАКТ и Телемарк Македонија веќе трета година се одржуваат во Македонија.

Како и секоја година почнуваме на падините на Бистра во ски центарот Заре Лазарески, Маврово.

10 – 12 Февруари 2017, Телемарк Револуција ќе се реализира во соработка со Ски Хат Горица каде ќе биде нашето седиште за дружење, вечерни презентации и промоција на телемарк филмови.

Импринтинг: Telemark Snow Events
Импринтинг е промотивна телемарк обука во времетраење од 2-3 часа, која ги опфаќа основните чекори на телемарк скијањето. Телемарк Револуција обезбедува опрема и телемарк промотер кој ќе ве води низ импринтинг наставата. Една група се состои од максимум 6 луѓе. Оние кои сакаат да совладаат повеќе од само основите на телемаркот препорачуваме да се вклучат во целосната викенд програма.
Ги молиме заинтересираните да не контактираат најдоцна до 9 Февруари и да ги достават следните информации: број на чевли / висина / тежина / скијачко искуство .
Местата се ограничени! Предност и бонус ден им даваме на минатогодинешните пријавени кои сакаат да ги освежат и надградат своите телемарк познавања.

Ски дом Горица:
Домаќин на Телемарк настанот е Ski Hut Gorica Mavrovo каде што воедно е предвидено сместувањето на учесниците. Ski Hut Gorica Mavrovo е ски дом–планински хостел, кој нуди се’ за авантуристи! 14 легла, дорм и приватни соби (исклучиво дорм за настанот), кантина со мени, лаунџ просторија со кантина, АДСЛ ТВ, Wi-Fi, тераса-палуба со поглед на езеро и скара, целосно опремена комунална кујна, кафе сервис, 24/7 топла вода, интервентен сервис за скии.

Цени:
Телемарк обука 1 ден = 400 МКД
Телемарк 2 дена + изненадување + вечерни активности = 600 МКД
Ноќевање/дорм/по лице со појадок +вечера = 1000 МКД
2 ноќевања со појадок и вечера + телемарк обука + коктел прослава + изненадување = 2500 МКД
Заинтересираните се потребни е сами да обезбедат превоз до и од Маврово како и превоз до ски терените.
Заинтересираните сами да си обезбедат ски билет или можат да го споделат со некого ако не се спремни да скијаат цело работно време.

Програма:
10 Февруари: Пристигнување и сместување во Ски Хат Горица во попладневните часови
Коктел вечера во Кабала, кус вовед во еволуцијата на телемарк скијањето
11 Февруари: Појадок / Практична настава – ски центар Заре Лазарески /
Заедничка вечера, презентација од Телемарк Опен Вал Сеналес, Дек 2016, по повод 10 годишнината на Телемарк Сноу Евентс / Проекција на филм од ВОРСТ ТИМ и Анди Парисод за екстремните фанатици во телемаркот.
12 Февруари: Појадок/ Практична настава / Заминување во попладневните часови.

Телекалендар:
10-12 Февруари 2017, Телемарк Револуција, Маврово

16-19 Февруари 2017, Балкан Телемарк, Боровец – Бугарија / Повеќе: https://www.facebook.com/events/726022670887368/ Balkan Telemark – Bulgaria, 2017

Датумот за Телемарк Револуција што ќе се одржи на Копанки и Нижеполе дополнително ќе го објавиме.

Дополнително настаните во организација на нашите пријатели Telemark Snow Events може да ги следите на календарот: http://www.telemarksnowevents.it/Gli-eventi-di-TSE.html

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија