Премиера на ‘Streif – One Hell of a Ride’

Датум на почеток:

03.01.2016

Време на почеток:

19:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Дел од програмата:

Кратки излагања и разговори на теми поврзани со алпското скијање, натпреварувања, тренинзи и сл..
– Презентација од Александар Атанасовски Чаве – Алпски скијачки клуб СКАДИ од Скопје
– Презентација од Кирил Насков, ски&сноуборд клуб Полар од Скопје


 

Детали за Streif – One Hell of a Ride
Цели 75 години традиционалната трка Hahnenkamm во Kitzbühel, Австрија, произведува незаборавни триумфи и трагедии со големи емотивни болки, наследство кое е полно со митови и легенди. Никаде на друго место скијањето не се прославува толку интензивно. Градот, нацијата, како и целата сцена на зимски спортови полудува по битките кои се играат на падините, а трката Streif е најочекуваниот настан за сите – тоа е Superbowl во скијањето! “Streif – едно пеколно возење” сликовито го споделува овој значаен повод, заедно со самите подготовски. Ова е документарен филм за ултимативниот ски натпревар!

Откако ски тркачите го напуштаат Kitzbühel за следната натпреварувачка локација, членовите на скијачкиот клуб на Kitzbüheler (Kitzbüheler Ski Club) веќе започнуваат со подготовките за трката следната година. “Streif – едно пеколно возење” ја документира нивната работа, подеднакво и спектакуларните достигнувања, но и неприкажаните напори во текот на цела една година. Во исто време, филмот следи пет меѓународни атлети – Аксел Лунд Свиндал, Ерик Гуај, Макс Франц, Јуриј Данилокин и Ханес Реишелт – дома во нивните родни земји, во текот на летните припреми и во слободното време. Како што се наближува Hahnenkamm 2014, овие две приказни се сѐ повеќе испреплетени, прошарани со приказни од минатите настани, додека спортистите не пристигнат назад во Kitzbühel…

“Streif – едно пеколно возење” ги следи протагонистите во текот на дванаесет емотивно набиени месеци во кој сè се врти околу врховната дисциплина на ски трките, спустот, во неговиот најозлогласен и најславен облик. Страста и неизвесност се интензивираат, а резултатот – дали победа, пораз или несреќа – е неизвесен до самиот крај. Интензивната активност е прекината само со речиси неподносливата минута молчење пред секој од тркачите да се впушти во својата трка.

Бајковитиот тиролски град Kitzbühel врие од енергија откако Hahnenkamm 2013 трката завршува со весела забава. И тоа со добра причина: никаде на друго место елитните скијачи не се толку среќни што се вратиле од трката во еден дел. За нив падината за спуст на Hahnenkamm планината Streif, е врвен предизвик кој може да се завладее само со совршена техника и извонредна храброст.

STREIF е добитник на ROMY наградата за најдобар докуемнтарен филм во 2015-та година. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка. Затоа не ја пропуштајте оваа несекојдневна прилика да ја погледнете премиерата на овој возбудлив документарен филм во Скопје!

***
Ограничен број билети по цена од 100 денари веќе можат да се набават на билетарата на МКЦ и преку сервисот на Купи карти за се.

Напомена: На денот на премиерата цената на картата ќе биде 300 денари!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија