Врв 7/12: Чупино на Плачковица (1725 мнв)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

За седмиот предвиден врв одиме во источниот дел на Македонија каде ќе планинариме, ќе ја разгледуваме разбудената пролетна растителност и остатоците од древната историја на Македонија.

Го искачуваме врвот Чупино (1725 мнв), со мала тура до врвот и назад и трансверзална тура со завршеток во Виница.

Трансверзална тура: БЛАТЕЦ – ЧУПИНО БРДО – ВИНИЦА

Патеката започнува од селото Блатец движејќи се кон југ преку пределот Османова Бавча се искачува на гребенот Валог (1343 м.н.в) од каде кон југозапад преку месноста Кадрова Бавча се искачува по срт помеѓу доловите Раков Дол на Блатешница и Виничка река на самото било и достигнува до врвот Чупино Брдо (1725 м.н.в) од каде свртува кон запад спуштајќи се до кота 1642 м.н.в и продолжува во западна насока по сртот до врвот Бела Бука (1424 м.н.в) продолжувајќи на врвот и гребен Сари Таш (1385 м.н.в.). Оттука свртува кон северозапад до врвот Алтитекне (1411 м.н.в.) и во северен правец преку гребенот Гарван (1150 м.н.в.) се спушта во селото Градец од каде по ридот Смрека (635 м.н.в.) и широк пат достигнува до Виничкото Кале – познато археолошко наоѓалиште на утврдена населба од неолитот и доцната антика, со градби покрај градскиот бедем од IV-VI век целосно зачувани, ранохристијанска базилика и наоѓалиште на познатите ранохристијански теракотни икони.

Должина: 20 km
Висинска разлика од почетна точка до врв: 1015 метри
Вкупно искачување по целата патека: 1371 метар
Денивелација (апсолутна висинска разлика): 1325 метри
Вода има на 4 места од кои три силни извори.

Патеката е снимена и достапна во GPX фајл.

Поаѓање од Скопје: 05:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Цена: 600 денари

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до сабота 13.04.2018 во 17 часот, на Марио Шаревски – 071 216 066 и Верица Тодоровска – 070 342 787 или во порака на facebook страницата на Планинарски предизвик „12 Врвови” задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате).

УПАТСТВА:

– Тежината на патеката (до врвот и целата трансверзална тура) е средна и не е препорачлива за почетници.
– Временските услови се најавуваат за сончево до умерено облачно со услови за мал дожд (https://www.yr.no/place/Macedonia/Vinica/Blatec/long.html) поради што е препорачливо носење на кабаница/ветровка јакна со долги ракави, резервна маица и капа.
– Задолжително носење на планинарски стапчиња (за стрмни и каменести делови)
– Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
– Храна од ранец

Повелете да уживаме во Македонија
#12Врвови #УживајВоМАКЕДОНИЈА

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија