По стапките на Крали Марко: Прилеп-Маркови Кули-ТРЕСКАВЕЦ

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На денот на доаѓањето на пролетта 21.03. ќе уживаме во МАКЕДОНИЈА, со прошетка до обителот Трескавец под Златоврв преку Маркови Кули и градот Прилеп.

Заминуваме во 06:42, а се враќаме во 19:09 со БЕСПЛАТНИОТ ВОЗ за млади до 27 години, а секој што е постар од 27 и сака да дојде да се пријави до петок до 15:00 да му обезбедиме бесплатна карта!!!

Ќе пешачиме околу 3 часа во еден правец, попатно ќе ги поминеме сите камења кои ги „фрлил или стапнал” Крали Марко со коњот Шарец, на Трескавец ќе прочитаме што за него запишал Јордан Хаџи-Константинов – Џинот во 1855, ќе се искачиме до Златоврв и ќе уживаме во прекрасната глетка на Пелагонија. Назад во Прилеп не чека пријателска седенка и дружба со нашиот ценет пријател Никола Ѓорѓиоски.

Целата прошетка е БЕСПЛАТНА! Секој што сака ќе може да остави добротворен прилог во пари или средства за добротворната акција за помош на социјално загрозени многудетни семејства што ќе следи.

Назад во Скопје ќе бидеме меѓу 21:50 и 22:10.

Дојдете да уживаме во МАКЕДОНИЈА!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија