PAN Macedonian Climbing Meeting

Датум на почеток:

10.01.2016

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

СЕ МАКЕДОНСКИ КАЧУВАЧКИ СОБИР
01-02 Октомври 2016Демир Капија

Почитувани,
Фирмата и клубот “Карпи за секој” од Демир Капија, има голема чест и задоволство да ве покани на Се Македонски качувачки собир на Демир Капија на 01- 02 Октомври 2016 година.
Целта на собирот е да се продолжи традицијата на есенските качувачки собири кои во поранешни години беа составен дел од Македонското качување и едноставно сите спортски качувачи, алпинисти, планинари и вљубеници на качувањето заедно да качуваат, разменат искуства, се натпреваруваат, воедно спортски се забавуваат тој викенд.

На собирот ќе бидат презентирани, старо новиот сектор “Радар Петра” и новиот сектор “All inclusive” со реновирани стари и поставени нови насоки !

Покраj собирот ќе организираме мала еколошка акциjа за чистење на кањонот после летни транзитници.
* Сабота вечер дружење покраj логорски оган.
* Во недела, доколку има заинтересирани учасници, ќе одржиме натпревар во “Big Wall” качување на една од повеќе должинските насоки во сектор “Малчик с палчик”.

Спиењето е планирано во “Rоck Land” кампот, улица Даме Груев 36, Демир Капија (во шатор 150 денари од човек, во соби 300 денари – броj на места во соби ограничен).

Со спортски поздрав и Ве очекуваме во Демир Капија !!!

Организатор
Александар Кленов

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија