Јануарско искачување на Меденица (2.163мнв)

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 29 Јануари 2017 год. ДПС Трансверзалец организира зимско искачување на врвот Меденица (2.163мнв).

Меденица со 2.163 метри е највисок врв на планината Бистра од каде што се отвора прекрасен пејзаж кон Мавровското Езеро и прекрасниот рекански регион.

Карактеристични точки:
Старт на акцијата: село Јанче (720 мнв)
Попатна точка: село Галичник (1.400 мнв)
Цел на акцијата: врвот Меденица (2.163м)

Зимска акција која започнува од с.Јанче од каде по маркирана патека се пешачи вкупно 2 часа до с. Галичник и уште 2.5 часа од с.Галичник до врвот Меденица.
Патеката спаѓа во категорија Средно напорна зимска копнена акција.

Учесниците на акцијата во зависност од кондицијата и желбата можат опционално да се искачат само до Галичник.

Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. Исхраната е од ранец.

Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Еднодневно (29 Јануари 2017 год.)

Поаѓање во 05:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица) Скопје, цена за превоз 600ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Ѓ.Петров/

Дводневно (28 и 29 Јануари 2017 год.)

Поаѓање на 28.01.17 во 07:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица) Скопје, цена за превоз 1000ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Ѓ.Петров/

Сместување:
• во приватно сместување кај Павле во с.Галичник, цена 800 ден за сместување и доручек
• Хотел Туто, с.Јанче, цена 20 евра за сместување или 25 евра за сместување и доручек

Пријавување и уплати најдоцна до 26.01.2016 (четврток).
Карти може да се набават во продавницата пред Судентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.
Контакт Зоран Костадинов 070/641 – 998

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија