Езерски Врв и Доброшки Езера

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во Недела на 30 Октомври 2016г. ДПС Трансверзалец од Скопје организира искачување на Доброшки Езера, Доброшки Врв и Езерски Врв.

Програма:
6.00 – тргнување од Скопје (паркинг пред пошта 2, нова железничка станица)
7.30 – пристигнување до стартна позиција с.Јелошник (Доброште), тргнуваме од 930 мнв., се искачува висинска разлика од 1.300м до езерото
11.00 – пристигнувње на Доброшки езера, планинарите со појака кондиција е предвидено да се качат на врвот Езерски Врв (2.580 мнв).
18.00 – тргнување за Скопје.

 Во акцијата е предвидено да има две групи, првата група ќе искачува акција која е Средно тешка со траење од вкупно 6 часа движење, додека втората група ќе искачува акција која е во категорија Тешка и е со траење од околу 10 часа.

Потребна опрема: разгазени планинарски кондури, облека според најавата за временската прогноза, опрема за зимски услови, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 2л.

Напомена: Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност. Акциите не се наменети за рекреативци и почетници.

Цената на превозот изнесува 400 ден по учесник. Уплати за акцијата може да се направат во продавницата која се наоѓа пред Студенсткиот дом Кузман Јосифовски Питу.

Пријавување и информации најдоцна до 28 Октомври 2016 на тел:  070/641-998 Зоран Костадинов. 

Автор

Дејан

Скопје

Македонија