Еднодневна отворена акција на врвот Љуботен, недела 3 мај 2015

Датум на почеток:

05.03.2015

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК Македон организира
Еднодневна отворена акција на врвот Љуботен (2499 м.н.в.) во недела, 3 мај 2015

Турата започнува од с. Старо село (900 м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом Љуботен. Првата кратка пауза е кај домот по 2 часа пешачење, од каде се продолжува до врвот.

Турата не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел каде се очекува да има и снег. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, гамашни, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време, а од храна лесна храна/овошје (постои можност за ручек во домот). Вода може да се наполни во Старо село и во домот (од домот до врвот нема чешми).

Поаѓањето е во 6ч од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село. Бројот на местата е ограничен.

Пријавувањето задолжително се извршува на e-mail или по телефон на [email protected] или 072 24 39 39. Рокот за пријавувањето и уплаќањето е најкасно до четврток 30 април 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.

Цената на турата е 350 денари.

Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Организаторот го задржува правото да направи евентуални промени во турата.

За подобра евиденција на групата ве молиме да го потврдите вашето присуство преку овој настан САМО доколку навистина имате намера да присуствувате на турата.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија